Израел фабрика за нуклеарно оружје EPA/STRINGER

Израел никогаш нема да употреби нуклеарно оружје против Иран, уверува Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје против Иран, отфрлајќи ја можноста за време на денешната прес-конференција во средината на третата недела од американско-израелската војна против Техеран, објави „Гардијан“.

Денеска, одговарајќи на новинарско прашање за сценарио во кое Израел би посегнал по нуклеарно оружје доколку конфликтот дополнително ескалира, Трамп брзо ја отфрли идејата.

„Израел нема да го стори тоа. Израел никогаш нема да го стори тоа“, рече Трамп во Белата куќа кога новинарите го прашаа за повикот на неговиот неофицијален советник за вештачка интелигенција Дејвид Сакс до САД, брзо да прогласат победа против Иран или ризикуваат да се вмешаат во долготраен конфликт во кој Израел би можел да употреби нуклеарно оружје.

Трамп рече дека не слушнал за коментарите на Сакс, инсистирајќи дека Израел никогаш нема да употреби нуклеарно оружје.

Тој исто така рече дека САД не знаат дали новоизбраниот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, откако минатата недела изјави дека веројатно е.

„Не знаеме дали е мртов или не“, рече Трамп.

Трамп рече дека „некои луѓе“ велат „ја изгубил ногата“, „други луѓе велат дека е мртов, никој не вели дека е 100% здрав“.

Тој го обвини Иран дека се занимава со дезинформации за војната.

„Тие користат дезинформации, плус вештачка интелигенција, и тоа е ужасна ситуација“, рече Трамп, повикувајќи се на лажни снимки од горење на американски и израелски цели.

Трамп рече дека разговарал за офанзивата на израелската војска против Хезболах со израелските лидери, избегнувајќи го прашањето дали Вашингтон ја поддржува операцијата од големи размери.

„Хезболах е голем проблем и тие брзо се елиминираат“, рече американскиот претседател.

Израел започна со нов бран воздушни удари врз Техеран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот