Израел ја одобри четврта доза за лица над 60 години и медицинскиот персонал

вакцина ковид израел
Вакцинација против ковид-19 во Израел / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израел ја одобри четвртата доза од вакцината „Ковид-19“ за сите луѓе постари од 60 години и медицинскиот персонал, објави во неделата премиерот Нафтали Бенет.

Бенет изјави дека Министерството за здравство ја одобрило одлуката два дена по одобрувањето на четвртата доза за групата граѓани со висок ризик.

Премиерот на Израел Нафтали Бенет
Израелскиот премиер Нафтали Бенет/ Фото EPA-EFE/YONATAN SINDEL / POOL

„ Омикрон бранот  е тука и мора да се заштитиме“ изјави Бенет.

Набргу по почетокот на вакцинацијата на ризичните групи, директорот на Министерството за здравство Нахман Еш ја одобри 4-тата доза за жителите на домовите за стари и изнемоштени лица.

Израел, освен тоа, во четвртокот ја доби првата пратка таблети за лекување на заболените  од  коронавирус од фармацевтската компанија Фајзер во време кога бројот на заразени со новиот сој омикрон продолжува да расте.

Здравствен работник зема брисови за ковид-19/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN


Галопирачки пораст на инфекции: „Наскоро можеме да предвидиме 50.000 нови случаи на ден“
Во изминатите денови Израел бележи огромен пораст на бројот на новозаболени , но засега не е потврдено ново зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти.

Израелските власти во неделата потврдија 4.206 нови случаи на коронавирус за 24 часа и зголемување за 195 отсто за една недела, што може да го зголеми притисокот врз здравствениот систем.

Во Израел е регистриран првиот случај на двојна инфекција / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

„Регистрирани тешки форми на болеста кај невакцинираните“

„Наскоро можеме да очекуваме и по 50.000 нови случаи на ден“, предупреди Бенет, повторувајќи го повикот за масовна вакцинација за возрасни и деца кои сè уште не ја примиле вакцината.

Во земја од 9,2 милиони жители, во која повеќе од половина веќе добија засилена, т.н. бустер доза, потешки случаи на болеста се присутни кај невакцинираните, велат надлежните.

Од почетокот на пандемијата во Израел се регистрирани вкупно 1.394.407 заразени лица, од кои 8.244 завршиле со смрт, според официјалните податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот