Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел/Фото: EPA-EFE/JACK GUEZ / POOL

Израел: Хамас го врати телото на Палестинец наместо на заложник

Едно од четирите тела што Хамас ги врати во Израел во вторникот не му припаѓа на ниту еден од заложниците што ги држела таа група, туку на Палестинец од Газа, изјави денес функционер на израелските безбедносни сили за израелските медиуми.

Трите преостанати тела се идентификувани како Тамир Нимроди (18), Уриел Барух (35) и Еитан Леви (53), објави „Тајмс оф Израел“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека семејствата ги идентификувале телата по форензичките проверки и дека известувањето е испратено „откако е завршен процесот на идентификација“. Армијата додаде дека Нимроди бил убиен во заробеништво на 7 октомври 2023 година, додека Барух и Леви, според разузнавачките информации на ИДФ, биле убиени од Хамас истиот ден, а нивните тела биле однесени во Газа.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Хамас да ги исполни своите обврски кон медијаторите и да ги врати преостанатите тела, нагласувајќи дека Израел „нема да прави компромиси додека не се вратат сите заложници“. „Нема да правиме компромиси по ова прашање и нема да штедиме труд додека не ги вратиме сите паднати заложници“, рече Нетанјаху.

Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, изјави дека групата наводно ги исполнува своите обврски според договорот за враќање на телата, иако едно од вратените тела му припаѓало на Палестинец кој не бил заложник. Тој додаде дека Израел „сериозно го прекршил договорот кога убивал цивили во Шеџаја и Рафа“ и ги повика медијаторите да ја „присилат“ земјата да ги исполни своите обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот