Израдувајте ги дечињата, супер рецепт за карамелизирани јаболки

профимедиа

Овие слатки и вкусни јаболки обвиткани со стопен шеќер, послужете ги оладени. Одлично изгледаат на трпезата која вистински ја развеселуваат, а особено децата не можат да им одолеат! Може да ги прелиете и со стопено бело чоколадо или пак да ги попрскате со сечкани лешници.

Потребни намирници – 2 чаши шеќер, 3/4 чаша вода, 1/2 чаша пченкарен сируп, 1 лажичка боја за храна (црвена), 1/2 лажичка цимет, 4 јаболка, 4 дрвени стапчиња (на пример, стапчиња за сладолед).
Подготовка
Во сад за готвење со подебело дно помешајте ги шеќерот, пченкарниот сируп, водата, бојата и циметот.
Оставете да зоврие на најниска температура, постојано мешајќи, варете ја смесата околу 20 минути додека да стане густа и целиот шеќер да се растопи.
Во сад за печење ставете хартија за печење и премачкајте ја со малку путер за јаболките да не се залепат за хартијата.
Пресечете ги дршките од јаболките, доколку ги имаат, и во средината на секоја забодете го стапчето (не до крајот). Со подготвениот растопен шеќер прелијте го секое јаболко над хартијата за печење и оставете да се изладат.
Додека се ладат може да ги попрскате со исечкани лешници или, кога потполно ќе се изладат, половината од јаболката да ја прелиете со стопена бела чоколада и ќе добиете спектакуларни карамелизирани јаболки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот