Изненадување во Мелбурн: Зверев во аут, Надал сигурно чекори кон финале

Зверев е елиминиран во четвртото коло/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Иако многумина очекуваа тениски спектакл во четвртфиналето на Австралија Опен помеѓу Рафаел Надал и Александер Зверев, до него нема да дојде.
Виновник за тоа е Денис Шаповалов кој со 3:0 во сетови и тоа 6:3,7:6,6:3 по 144 минути игра, го победи Зверев.

Овој резултат претставува изненадување бидејќи Германецот се наоѓаше во одлична форма и првите три натпревари во Мелбурн ги доби со максимални 3:0, додека Шаповалов во трите меча досега загуби пет сета.

Но, грешките во одлучувачките моменти го чинеа Зверев победа. Тој четири пати го загуби својот сервис, а брејкот во вториот сет не го материјализира, дозволи брејк на Шаповалов и потоа во тај-брејкот го загуби и сетот. Тоа го демотивира Зверев и во третиот сет немаше никакви шанси против Шаповалов кој си закажа пресметка со Надал.

Шпанецот пак со 7:6,6:2,6:2 беше поуспешен од Андријан Манарио.
Првиот сет беше највозбудлив, нема брејк од двајцата тенисеро по што одлуката падна во тај-брејкот. Во него подобар беше Надал со 14:12, по што Французинот немаше сили да му се спротивстави на шпанскиот тенисер во наредните два сета. Надал вториот и третиот сет ги доби со по 6:2 и се пласира во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот