Изложба во КИЦ: „Обоен ветар Фу“ од Блашка Миева

Изложбата на слики „Обоен ветар Фу“ на Блашка Миева е поставена во изложбениот салон „Империјал 2“ на Културно-информативниот центар во Скопје и содржи 13 дела работени во комбинирана техника (акварел и акрилик на платно), создадени последнава година.

Авторката ја следи традицијата на јапонската култура, каде што ветерот, односно движењето на воздухот е наречено Фу и му дава боја. Фу е духот на живеењето, а апстрактните форми со градација во боја и хармонија создаваат перцепција на хаотична убавина, која само навидум е хаотична.

Според авторката, ветрот со својот прогресивен движечки воздух е асоцијација за процес, прогрес, спиритуален раст, раздвижување, асоцијација за спиритуална надеж и, најважно, асоцијација за промена. Изложбата ќе биде отворена до 8 јули.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 37, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот