Изложба на Ирена Паскали е поставена во галерија „Ко-Ра“
Отворањето на изложбата „Moving images in stormy times“ на македонската авторка Ирена Паскали, која дваесетина години живее и работи во Келн (Германија), е на 4 октомври во големиот салон на галеријата „Ко-Ра“.
Ирена Паскали е родена во Охрид, 1969. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а магистрира на Академијата за медијални уметности во Келн,Германија.
Има реализирано бројни самостојни изложби и учество во многубројни групни изложби од интернационален карактер. Добитник е на интернационални резиденции, стипендии, награди. Работи во повеќе медиуми, како видео, фотографија, инсталација, цртеж. Нејзиниот проект во галерија „Ко-Ра“ е поддржан од Град Скопје.