Излезе „Културен печат“ број 77 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 77, во печатеното издание на „Слободен печат“ (17-18.04.2021), го отвораме со фотографии на дела од „Изложба“ во МКЦ, а меѓу содржините има:

– интервју со режисерката Нела Витошевиќ: Глобалната криза кристално јасно го отслика моментот колку сме потонале како цивилизација

– разговор со писателот Владимир Илиевски: Историјата како моќна подлога за книжевно дело

– нова книга „Допирот на зборот“ од Вера Стојчевска – Антиќ

– Награда „Денес“ – четири кандидатки за уметнички престој во Њујорк

– македонската визуелна уметница Марија Павловска е поканета да учествува во проектот „13. Калиграфизам: Карактери и слики“

– во библиотеката „Филозофија“ на „Аз-Буки“ е објавена збирка текстови од Бошко Караџов

– Меѓународниот совет на споменици и локалитети (ИКОМОС) го одбележа 18 април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите

– Танц Фест Скопје 2021 објави повик за млади кореографи

– Студентска музичка пролет 2021 со ангажирана програма и врвни предавачи

– Стрип-центарот на Македонија (СЦМ) во Велес почна со локалната имплементација на меѓународниот проект „CAN (Comic Alliance Networking) for Balkans“

– објавен е научно-истражувачкиот труд „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“ од Зоран Пејковски

– девет песни од поетот Тихомир Јанчовски се објавени во авангардното списание „Апокалипса“

– романот за деца „Не паркирај гаража“ на Трајче Кацаров е објавен на украински јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот