Излегла до продавница, заврши во полиција: Брутално апсење на 12 годишно девојче во Хонг Конг (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Полицијата во Хонг Конг е мета на критики по објавената видео снимка на брутално апсење на 12 годишно девојче кое, како што тврди нејзиното семејство, е случајно приведено за време на протест додека одело во продавница да купи намирници.

Снимката, на која се забележува обидот на девојчето да ги избегне силите за безбедност, се шири на социјалните мрежи со брзина на светлината.

Припадник на безбедносните сили во еден момент ја соборува на земја по што веднаш е опколен од неколку свои колеги. Од 1 јули во Хонг Конг траат големи протести по новиот усвоен Закон за безбедност во Пекинг.

Мајката на девојчето за „Епл Дејли“ изјави дека планира да поднесе тужба и формално жалба. Таа вели дека нејзината ќерка и 20 годишниот син биле надвор со намера да купат работи за ликовно, а девојчето се обидувало да се оттргне од полицајците бидејќи било уплашено.

Погледнете го видеото од моментот на бруталното апсење:

 

Неколку часа по инцидентот, полицијата во Хонг Конг го потврди апсењето на 12 годишното девојче со образложение дека обидувало да побегне „на сомнителен начин“ и дека притоа е употребено „минимум неопходна сила“ за да биде совладана.

Полицијата беше загрижена за учеството на млади лица на забранетите собири. Нивното присуство во хаотичните протести, исто така, ја загрозува нивната лична безбедност“, се наведува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот