Издавачот „Матица“ официјално го отвори ликовниот простор „Матица Галерија“

„Матица Галерија“ е нов уметнички простор во самиот центар на Скопје

Со изложба на пејзажи од Павле Кузмановски, изработени во техниката акварел, на 13 декември беше отворена нова ликовна галерија во центарот на Скопје. Планирано е во иднина „Галерија Матица“ да стане простор каде што ќе се одржуваат повеќе културни активности.

– Со отворањето на „Галерија Матица“, сакавме да покажеме дека градот има потреба од вакви простори и дека културата мора да биде подостапна до граѓаните. Не ни беше идејата да направиме уште една обична галерија што ќе изложува и ќе продава уметнички дела, туку, напротив, сакавме да создадеме препознатлив простор што секојдневно ќе нуди различна културна понуда, со мноштво активности.

Покрај изложбите на македонски еминентни уметници, „Галерија Матица“ ќе ги поттикнува, поддржува и афирмира младите творци, ќе организира средби со уметници и уметнички разговори, креативни работилници за деца, промоции и слично.

Антонио Павловски, Павле Кузмановски и Раде Силјан на отворањето на галеријата

Галеријата ќе биде од продажен карактер и на тој начин ќе биде самоодржлива. Во неа, исто така, можат да се најдат и голем број книги од областа на уметноста, а дополнително, „Матица“ во својата издавачка политика планира и збогатување со ваков тип на наслови.

Нè радува тоа што уште во првите денови интересот на посетителите е голем. Од тие причини очекуваме во скоро време галеријата да прерасне во препознатлив уметнички простор во самиот центар на Скопје – изјави Антонио Павловски, раководител на „Галерија Матица“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 209, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17.12.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот