Издавачкиот центар „Три“ со донација го одбележува излегувањето на своето 1000-то издание

Мисијата да го шири пишаниот збор издавачкиот центар „Три“ ја започна уште во 1999 година, од самото свое основање. Оттогаш, па сè до денес, сè уште ја продолжуваат својата љубов кон книгите.

По повод своето 1000-то издание, одбележувајќи го овој јубилеј „Три“ донираше 1.000 одлични наслови на три библиотеки од нашата земја: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Оваа донација ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и истовремено ќе ја зацврсти и врската меѓу книгите и читателите.

Од библиотеките се особено радосни што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература. Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела.

За „Три“ 1.000 самостојни изданија значат 1.000 квалитетни книги од домашни автори, преводи од многу современи автори и класици, наслови од сите жанрови. Во чекор со времето и оживувајќи го споменот на целокупната литература, секоја од овие книги има посебно место во списокот на нивни објавени книги – известија од „Три“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот