Ивица Коневски: Мицкоски е единствениот одговорен за поразите на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е единствениот одговорен за изборните порази на партијата, изјави поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски.

Во гостување на „Топ Тема“ на ТВ Телма, Коневски, кој е еден од најистакнатите претставници на Инцијативниот одбор (ИО) за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира дека оваа иницијатива добива сè поголема поддршка меѓу партиското членство.

– Прашањето веќе е или тој или партијата. Мицкоски знае дека ја има изгубено довербата кај делегатите што го гласаа, знае дека треба да излезе пред нив и да се заблагодари за поддршката и да ги презентира сите аргументи кои доведоа до пораз на изборите, истакна Коневски, додавајќи оти е оптимист за одржување на вонреден Конгрес на партијата.

Тој нагласи дека не брзаат со свикување на Конгресот, затоа што сакаат да го почекаат завршувањето на локалните избори во Штип и во Пласница, за да не му понудат на Мицкоски уште едно алиби за евентуален неуспех.

– Ние имаме можност да го свикаме, но целта ни е да ги обединиме сите, иако со две третини од делегатите можеме да организираме Конгрес и да ги собереме сите и тоа да биде свечен чин, вели Коневски.

Тој вели дека засега нема амбиции да биде нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека сега е битно да дојде до повторно обединување на разединетата партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот