Ивановски за четвртфинале на „Вимблдон“ ќе има литванска пречка

ивановски
фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Денеска македонскиот тенисер Калин Ивановски (18) успеа да обезбеди осминафинале на јуниорскиот „Вимблдон“.

Нашата тениска надеж ја запиша втората победа на турнирот во Лондон откако го совлада убедливо Мексиканецот и 11 носител Родриго Пачеко Мендез.

За пласман во четвртфиналето Ивановски ќе ги одмери силите против Едас Бутвилас в среда (6 јули) со почеток од 12.00 часот.

Литванецот Бутвилас за скоро еден и пол час двапати со 6:3 го елиминираше Американецот Озан Чолак.

Инаку Бутвилас му е познат противник на Ивановски, македонскиот тенисер лани токму на „Вимблдон“ во рамките од второто коло беше подобар со 7:6 (4) и 7:6 (6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот