Ивановска: Кај уставните судии не преовладувал нивниот личен интерес, бидејќи одлучувале за прашање кое се однесува на две илјади лица

Билјана Ивановска ДКСК/ Фото: МИА

Според Ивановска, независно од реакциите по одлуката на Уставниот суд, тоа што ДКСК го ценеле во случајот е единствено судирот на интереси, односно дали судиите имале или немале право да одлучуваат.

Претседателката на Државната комисија за спречувањето на корупцијата, Билјана Ивановска, за „360 степени“ подетално го образложи ставот на институцијата, која вчера заклучи дека нема судир на интереси кај уставните судии кои ја запреа владината Уредба со која сите избрани и именувани лица добија минимални наместо редовни плати во време на ковид-19 кризата.

Според Ивановска, независно од реакциите по одлуката на Уставниот суд, тоа што ДКСК го ценеле во случајот е единствено судирот на интереси, односно дали судиите имале или немале право да одлучуваат. Бидејќи владината Уредба, а со тоа и одлукаа на Уставен се однесува на сите избрани и именувани лица, ДКСК сметале дека нема судир на интереси.

-Во Уставот пишува дека единствена надлежна институција којашто ја оценува уставноста е Уставниот суд. Ја оценува уставноста и ја утврдува законитоста на законите и други поединечни акти. Имајќи во предвид дека Уредбите што ги носи Владата се со законска сила, значи од тој аспект гледано, Уставниот суд може да расправа и да одлучува дали одредена Уредба е во согласност со Уставот или не. Значи, нашето пошироко толкување на судирот на интереси е дека судиите може да расправаат за нешто што е од поширок јавен интерес. Тие се седум или девет на број, колку беа судии, расправаат за прашање кое се однесува на повеќе од 2 000 луѓе. Затоа рековме, не преовладувал единствено нивниот личен интерес- изјави Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот