Фото: soenderjyskefodbold.dk

Иван Николов веќе не е фудбалер на данскиот Сондерјиске

Данскиот фудбалски клуб Сондерјиске и македонскиот фудбалер Иван Николов меѓусебно го раскинуваат договорот што требаше да истече ова лето.

Спортскиот директор на клубот, Каспер Датер му се заблагодарува на играчот од средниот ред за неговите напори во светло синиот дрес.

Николов (23), кој го облече дресот на Сендерјиске во летото 2023 година, одигра 39 натпревари и постигна три гола за клубот. Беше на позајмица во Вендисел и запиша 13 настапи.

Фудбалерот роден во Штип, дебитираше за најдобрата македонска репрезентација во октомври 2022 година во пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија.

На клупски план претходно ги бранеше и боите на Академија Пандев, Вардар и Брегалница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот