Итно расчистување на случајот „Јавна соба“, или ќе следуваат нови протести

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бараме итно разрешување за случајот со „Јавна соба“, крајно време е надлежните да преземат конкретни мерки, порача Јана Коцевска од Платформата за родова еднаквост пред зградата на Јавното обвинителство.

-Од платформата ги потсетуваме  сите обвинители за кривично гонење и спроведување на кривичниот закон. Одговорот на институциите ги потврди нашите зборови, дека Обвинителството недоволгно ги заштитува жртвите на родово насилство. Обвинителството е клучен орган за овие случаи, па сметаме дека тие не се водат доволно стручно и професионално – додаде Коцевска.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Таа истакна дека на институциите им се дава рок до 8 март да го разрешат случајот, во спротивно најави оти ќе следуваат нови протести и пресконференции, се додека не се преземат конкретни мерки.

Во однос на барањата, Коцевска истакна дека основно барање е случајот „Јавна соба“ да се не се третира само како кривично дело за детстка порнографија, туку да се бара одговорност и за полнолетните жртви.

Платформа за родова еднаквост
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Им даваме рок на институциите до 8-ми март да преземат конкретни мерки. Да се бара кривична одговорност за полнолетните жртви, како и за сите полициски службеници кои ги злоупотребувале или не постапиле согласно законот – заклучи Коцевска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот