Италијански инфектолог тврди дека епидемијата во Италија завршила

Eпидемијата на Ковид-19 помина, и тоа се гледа од бројките: имавме 4.000 пациенти на интензивна нега, а денес во земја со над 60 милиони жители, само 60, вели доктор Басети.

Експертот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни болести во Џенова, вели дека епидемијата на Ковид-19 во Италија поминала и оти тоа може да се види од бројките.

– Оној што ја следи епидемиолошката ситуација во Италија може да мисли дека сè уште сме во екот на епидемијата на коронавирусот. Сите вести почнуваат со дневни извештаи за бројот на заразени и хоспитализирани. Но, тоа е погрешен впечаток. Епидемијата на Ковид-19 помина, и тоа се гледа од бројките: имавме 4.000 пациенти на интензивна нега, а денес во земја со над 60 милиони жители, само 60, вели доктор Басети.

Тој ја критикуваше тенденцијата секојдневно, како воени извештаи, да се зборува за раст на заразени лица без анализа на податоците за тоа колку се асимптоматски, колку се хоспитализирани и слично.

Прочитајте и...  Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици (ФОТО)

Во ниту една земја не се прави така, само во Италија, тврди доктор Басети.

– Се инсистира на негативни податоци и се заборава дека Италија беше прва на удар на пандемијата и оти успеавме да излеземе од кризата, вели инфектологот.

Според него, проблемот е во комуникацијата и тој ги гледа виновниците во локалните институции, медиумите, но и меѓу „експертите” на кои им припаѓа.

– Тоа инсистирање на негативните работи само ги збунува луѓето, ги плашиме, а здравствената криза, барем што се однесува до Италија, заврши, заклучи Басети.

Прочитај повеќе

Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици (ФОТО)

Слободен печат

Д-р Андоновски: Маската задолжителна за деца над 10 години, треба да има задолжен човек на самиот влез во училиштата кој ќе мери температура

Слободен печат

Пецас денеска ќе ги соопшти промените во грчката влада

Слободен печат

Расте бројот на пациенти на интензивна нега во Франција

Слободен печат

Засилени мерките на Филипините: Повеќе од 27 милиони луѓе се повторно во карантин

Слободен печат

Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Те молам немој да ме застрелаш“: Објавена нова снимка од апсењето на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

Слободен печат

Бунт во затвор во Еквадор: Деветмина затвореници загинаа, а 20 се повредени

Слободен печат

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Слободен печат

Извештај на ОН: Северна Кореја развила минијатурни нуклеарни уреди

Слободен печат

Трамп: Во Авганистан ќе останат околу 4.000 војници до ноември

Слободен печат

Кина со предупредување: Ќе следи одмазда, ако кинеските новинари бидат протерани од САД

Слободен печат