Италијанската католичка црква повторно им дозволи на верниците да се ракуваат по молитвата

Католички свештеници / илустрација / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Италијанската католичка црква повторно ќе им дозволи на верниците да се ракуваат на крајот од мисата, кога верниците велат „мир со вас“, како дел од дополнителното олеснување на мерките против ковид.

„Од сега ќе може да се врати вообичаената форма на размена на знакот на мирот меѓу верниците“, пишува во писмото до епископите од Италијанската бискупска конференција (ЦЕИ), кое го објавија италијанските медиуми.

„Знакот на мирот“ доаѓа по Господовата молитва, и пред светата тајна причест, и е начинот на кој верниците си ја изразуваат заедничката вера едни на други.

Во екот на пандемијата, гестот беше укинат, а ЦЕИ минатата година најави дека може повторно да се практикува, но само со поглед во очи или со наведнување на главата.

Во најновиот совет до владиците, ЦЕИ повикува на дополнителни мерки на претпазливост, меѓу другото, верниците се повикуваат да ги дезинфицираат рацете при влез во црквата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот