Италијанска емисија од 2015 година покрена лавина реакции: Ги обвинија Кинезите дека создале вирус кој ги напаѓа белите дробови

ФОТО: Screenshot

Многумина сметаат дека прилогот е доказ дека вирусот потекнува од Вухан каде е создаден во лабораторија и се оттргнал од контрола на кинеските научници.

Од појавата на новиот коронавирус, се јавија низа теории на завери за тоа како настанал вирусот, а масло на огнот долеа и една италијанска емисија која брзо се прошири на социјалните мрежи.

Имено, 2015 година, во научната емисија „Леонардо“ на каналот РАИ емитуван е прилог во кој се наведува дека кинески научници креирале супервирус само за да го проучуваат неговото дејство, кој може да ги нападне луѓето, посебно нивните дишни органи. Наводно му накалемиле протеини земени од лилјаци на вирусот кој предизвикува САРС, кој пак произлезе од глувци.

 

Кога оваа снимка стара неколку години повторно се појави во јавност, се крена вистинска бура во Италија, земја најтешко погодена од епидемијата во Европа.

Многумина сметаат дека прилогот е доказ дека вирусот потекнува од Вухан каде е создаден во лабораторија и се оттргнал од контрола на кинеските научници.

Според оваа теорија, научниците од Вухан создале вирус како биотерористичко оружје, но го пуштиле за да се рашири епидемијата.

Иако самата италијанска научна јавност ги негираше овие тврдења, веднаш се јави некогашниот министер за внатрешни работи Матео Салвини кој на Твитер напиша: „Неверојатно!“, а и останатите десничарски партии веднаш му се придружија во нападот на Кина.

Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо истакна дека десницата се фаќа за вести кои создаваат паника.

„Салвини не се грижи за оваа земја, него не му е гајле, затоа што ним им одговара да не тероризираат“, рече тој.

Сепак, останува прашањето дели вирусот е вештачки создаден во лабораторија?

Институтот Скрип, кој неодамна објави напис во магазинот Нејчр Медисин тврди дека новиот коронавирус САРС-КОВ- е производ на генетска еволуција.

Професори на споменатиот Институт ги споредија геномите на познатите слоеви на коронавирусите и утврдија дека „новиот коронавирус потекнал благодарение на природните процеси“.

Коронавирусите се семејство вируси кои можат да доведат до многу болести, но се разликуваат по интензитет.

Веднаш по избивањето на епидемијата на КОВИД-19, кинеските научнции го проучуваа геномот на новиот вирус и податоците ги споделија со колегите ширум светот. Професорот Кристијан Андерсон од Институтот Скрипс со помош на тие податоци го истражуваше потеклото на новиот вирус, а се фокусираше на две главни одлики т.н. шилести протеини – постои „кука“ која се фаќа за ќелиите на домаќинот и нешто како отварач за конзерви со помош на кој вирусот отвора и на крајот влегува во ќелиите на домаќинот.

Овој шилест протеин е толку ефикасен во врзувањето за човечките ќелии што тоа е вистински доказ за природна селекција, зошто такво нешто не може да се создаде во лабораторија. Освен тоа, самата основа на вирусот личела на оние коронавирусот пронајдени во лилјаците и панголините.

Меѓутоа, научните објаснувања не смирија одредени италијански политичари кои најавија дека со ова прашање ќе се позабави и парламентот, дури и обвинителството.

Еухенио Зофили го повика Луиџи ди Мајо да го расчисти тоа прашање со кинеските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот