Италијанците направија сладолед „лек за ковид-19“

Фото: Профимедиа

Додека бројни италијански трговци, угостители и слаткари имаат економски потешкотии поради намалениот обем на работа како последица на коронавирусот, сепак, оние кои продаваат сладолед не можат да се пожалат. Според многумина, ова е доказ дека италијанскиот народ не може да живее без сладолед дури и во време на пандемија.

Имено, секое италијанско семејство годишно троши по околу 70 евра за овој десерт или вкупно на годишно ниво во оваа земја за сладолед се трошат две милијарди евра, велат податоците добиени од италијанскиот институт за статистика.

Еден од новите вкусови на сладолед кои имаат можност да го пробаат е направен од бела чоколада со крем од лешници и цреши, а именуван е како „ лек за ковид-19“.

Ваквиот сладолед се продава во предградие на Милано, а измислен е со цел да се подобри расположението на неговите консументи.

Според луѓето кои го продаваат, овој десерт иако не може да го лекува вирусот, барем додека луѓето го јадат се чувствуваат подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот