Италија воведува полициски час, Конте не гледа друг излез од корона кризата

EPA / Fabio Frustaci

Италија ќе воведе полициски час на целата територија од 21 часот навечер до утро, објави телевизијата Скај ТГ 24 повикувајќи се на изјава од заменик министерката за труд Франческа Пуљези.

Одлуката е донесена на состанок на владата на премиерот Џузепе Конте, а ќе важи на целата национална територија.

На тоа инсистирале претседателите на регионите, а бидејќи тешката мерка може да предизвика социјално незадоволство, одлуката на себе ќе ја преземе централната власт, а не одредени региони.

Новата меркка која премиерот денеска ќе ја образложи пред парламентот предвидува забрана за интеррегионално движење, а сите оние кои мораат, од било која причина да патуваат или да бидат на улица по полицискиот час, мора да имаат лична потврда за оправданоста да бидат надвор од куќата.

-За жал мора да ја жртвуваме директната настава и за сите ученици во средните училишта лекциите да бидат онлајн, а се уште не е одлучено дали наставата од дома ќе ја следат и учениците од пониските одделенија, рече заменик министерката за труд Пуљези.

Исто така новата мерка предвидува намалување на градскиот сообраќај за 50 отсто, затворање на шопинг центрите во викендите, затворање на музеите, баровите, салите за видео игри и изложбите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот