Истражување: Домашните миленици го штитат мозокот на сопственикот од старост

Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Како што сугерира студија објавена во списанието „Стареење и здравје“, понекогаш она што е добро за вашето срце е добро и за вашиот мозок. Истражувачите објаснија и каков е „ефектот на домашно милениче“ врз здравјето на сопственикот.

Неодамнешната студија во САД, која опфати популација на луѓе постари од 50 години, покажа дека оние што имале домашно милениче повеќе од пет години, постигнале подобри резултати на тестовите за когнитивна меморија од оние што живееле без миленичиња. Позитивниот „ефект на домашен миленик“ е тоа што го штити срцето, дигестивниот тракт, но и го забавува стареењето на мозокот на сопственикот на миленикот.

Резултатите настанале од истражувањата на Универзитетот во Мичиген, кога биле следени животите на повеќе од 20.000 луѓе постари од 50 години и кои имаат домашни миленици.
„Ефектот на домашен миленик“ бил особено изразен кај учесниците во студијата што имале над 65 години, бидејќи токму тогаш обично се појавуваат симптомите на деменција.

Истражувачите откриле дека краткорочното и долгорочното помнење за зборовите кај луѓето од оваа возрасна група е многу подобро отколку кај луѓето на слична возраст кои немаат домашно милениче.

Да се има куче, на пример, може да значи повеќе движење. Сопствениците на домашни миленици се принудени повеќе да се движат, а секојдневната редовна физичка активност е тесно поврзана со здравјето на мозокот и функционалната долговечност.

Животните исто така внесуваат нови бактерии во циркулацијата во домаќинството, што би можело да го подобри нашето здравје на цревата. Инаку, научниците неодамна сфатија, дека врската помеѓу работата и здравјето на цревата и мозокот е многу поважна отколку што некогаш мислевме.

Не треба да заборавиме дека миленичињата едноставно нѐ прават среќни. Истражувањата исто така укажуваат дека присуството на домашно милениче може да ја ублажи осаменоста и хроничниот стрес.

Во староста, тоа може да биде поважно од што било друго. Доказите, од друга страна, покажаа дека изолацијата може да ја промени самата структура и функција на нашиот мозок. Домашните миленици би можеле да нѐ одржуваат млади, како однатре така и однадвор, заклучила студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот