Истражување: Домашните миленици го намалуваат ризикот од алергии кај децата

Фото: Pexels/ Sarah Chai

Чувањето милениче во домот додека очекувате или веќе имате мали деца, би можело да ги намали шансите тие да развијат алергии на храна, особено ако се работи за куче или мачка, пишува „Сајенс алерт“ (Science alert).

Тим на научници, во својата студија, направиле анализа на податоци добиени од 66.215 мали деца во Јапонија. Околу 22 отсто од испитаните деца биле изложени на домашни миленици преку нивните мајки, додека биле уште во утробата, што вклучувало кучиња, мачки, хрчаци, желки и птици.

Научниците од „Медицинскиот универзитет Фукушима“ во Јапонија, смета дека студијата обезбедува доволно докази за да се покаже врската помеѓу изложеноста на домашни миленици и алергиите – иако деталите варираат во зависност од видот на животното и видот на храната.

„Хипотезата на хигиена сугерира дека изложеноста на домашни миленици е ефикасна во спречувањето на алергиски болести. Други студии исто така, ги објавија корисните ефекти од изложеноста исклучиво на кучиња, за време на феталниот развој или раното детство врз алергииите на храна“, пишуваат авторите на студијата.

Децата изложени на домашни мачки и кучиња, чувани во затворен простор, имале значително помала веројатност да развијат алергии. Тоа вклучува алергии на јајца, млеко и јаткасти плодови, кога се работи за кучињата и јајца, пченица и соја, кога се работи за мачки.

Сепак, научниците велат дека, резултатите не се исти доколку се работи за кучињата кои се чуваат на отворено. А, оние кои чувале дома хрчаци, биле значително повеќе изложени на ризик да развијат алергија на јаткасти плодови.

„Нашите наоди сугерираат дека изложеноста на домашни кучиња и мачки може да биде корисна против развојот на одредени алергии на храна, а со тоа ја ублажува загриженоста кај родителите за чување миленичиња и го намалува стравот од развиваање алергии на храна“, пишуваат истражувачите.

Сепак, студијата не е доволна за да се докаже причината и последицата, а исто така треба да се има на ум дека наодите се засноваат на одговорите на прашалник, а не на набљудувања.

Научниците можат само да шпекулираат за природата на врската, сугерирајќи дека изложеноста на домашни миленици може да ја промени мешавината на цревни микроби кај децата, или можеби е нешто што животните го исфрлаат, а помага во зајакнувањето на имунитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот