Настанот ќе се одржи во Европска куќа – Скопје

Истражувачка публикација ја отвора темата за улогата и придонесот на жените во општествените, политичките и културните процеси

Во Европска куќа – Скопје, на 18 март, во 12 часот, ХЕРА и „Тиииит! Инк.“ ќе ја претстават новата публикација „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, која ја отвора темата за улогата и придонесот на жените во општествените, политичките и културните процеси во Македонија.

Публикацијата претставува историска читанка која ги отвора прашањата за улогата, искуствата и придонесите на жените во општествените, политичките и културните процеси во Македонија, во периодот од крајот на XIX до средината на XX век. Таа има за цел да го надополни недостатокот на наративи за женската историја во наставата и во јавниот историски дискурс и да понуди критички пристап кон разбирањето на минатото.

Во читанката се обработуваат теми поврзани со политичкото дејствување на жените, нивната улога како работнички, развојот на женското образование, како и нивниот придонес во здравството и социјалната заштита, при што се користат историски извори, сведоштва, фотографии и други материјали кои ја осветлуваат женската перспектива во историјата.

Публикацијата е подготвена од истражувачки тим, составен од: Петар Тодоров, Јана Трајковска, Дарко Леитнер-Стојанов и Јана Коцевска, и претставува педагошки материјал наменет за ученици, наставници, истражувачи и сите заинтересирани за родовата перспектива во историјата.

На настанот ќе се одржи разговор со авторите на публикацијата, при што ќе се дискутира за процесот на истражување, историските извори и значењето на вклучувањето на женската перспектива во изучувањето на историјата.

Поради ограничен број на места, присуството е можно само со претходна регистрација!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот