Детали за бруталното убиство кај „Адвокатската улица“: Затвореникот-бегалец над 20 пати ја бодел жртвата

Фото: МИА

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен тетовец на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за кого постои основано сомнение деа сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

„На 29 декември, во напуштен објект на улицата „1737“ во Скопје, по вербална расправија, осомничениот со умисла на свиреп начин лишил од живот едно лице. Со оштетениот се сретнале во Градскиот трговски центар и тргнале во правец кон т.н. „Адвокатска улица“. Во напуштениот објект започнале да се караат, па осомничениот од џебот извадил нож со кој на оштетениот му задал повеќе од 20 убоди во телото“, велат од Обвинителството.

Нападнатиот човек починал на местото, а осомничениот само си ги измил рацете и заминал од местото на настанот, додаваат од ЈО.

Затвореник избеган од „Идризово“ го убил човекот чие тело беше најдено на „Адвокатската улица“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот