Историски успех на левичарите во Колумбија на парламентарните избори

Левицата во Колумбија/ Фото EPA-EFE/Mauricio Duenas Castaneda

Левата коалиција оствари историски успех на вчера одржаните парламентарни избори во Колумбија, покажуваат нецелосните официјални резултати, по изброени над 93 отсто од гласовите.

„Историскиот пакт” што е главната опозиција на конзервативната власт во заминување, ќе добие 17 од 102 места во Сенатот каде води со 14,52 отсто пред сите останати традиционално конзервативни и либерални партии.

Левата коалиција предводена од Густав Петро добива 27 од 165-те места во Долниот дом на Парламентот, на второ место зад Либералната партија со 32 места, но повеќе од најдобро позиционираните партии на страната на конзервативците.

Владејачката Партијата на демократскиот центар, десничарската партија која на претходните избори во 2018 освои најмногу места во Сенатот, претрпе тежок пораз и овојпат е на петто место според бројот освоени гласови, четврта позиција во Пратеничкиот дом.

Лидерот на „Историскиот пакт”, Густав Педро, изрази задоволство од успехот на напредните сили во земјата, кој веднаш потоа беше назначен за кандидат на ливицата за престојните избори закажани за 29 мај.

„Очекуваме победа уште во првиот круг на претседателските избори”, рече Петро.

Аналитичарите и предвидува дека гласачите ќе ја казнат власта во земјата на изборите поради заслабената економија што е делумно последица на пандемијата, но и поради задушувањето на масовните антивладини протести минатата пролет.

Новина на овие избори е што жртвите во судирите со поранешната марксистичка герила ФАРК, сега ќе имаат свои претставници во Парламентот, со 16 резервирани места за следните два состави.

Тоа беше предвидено со мировниот договор меѓу власта и ФАРК од пред шест години, но досега не беше спроведено од правни причини. Согласно договорот и новата политичка партија на ФАРК која имаше мал успех на изборите во 2018 година, има гарантирани десет места во Сенатот се до 2026 година.

Во повеќедеценискиот судир меѓу власта поддржана од САД и ФАРК финансиран од изнуди и трговија со кокаин беа убиени 260 илјади, а раселени милиони лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот