Исповед на српски кошаркарски репрезентативец: Хрват ме спасуваше од глад

Владимир штимац како тинејџер замина во Жалгирис но, немал контрола колку пари троши и поради тоа одлучил откако ќе плати кирија за станот, ќе си купи доволно храна и ќе задржи одредена сума за џепарлак, остатокот од парите го праќал дома. Сепак, неколку пати „се пресметал“, пратил повеќе пари отколку што треба.

Владимир Штимац со 18 години како еден од најголемите таленти се пресели во литванскиот кошаркарски гигант Жалгирис.

Преселбата во Литванија претставуваше голема промена во животот на младото и голобрадо момче кое во одредени моменти немал што да јаде, а платата ја праќал дома бидејќи тоа било единствен начин да заштеди, но и да му помогне на своето семејство.

Штимац од првата плата си купил компјутер, мобилен телефон и плејстејшн. Бидејќи заминал како тинејџер, тој немал контрола колку пари троши и поради тоа одлучил откако ќе плати кирија за станот, ќе издвои пари за храна и ќе задржи одредена сума за џепарлак, остатокот од парите го праќал дома кај родителите. Сепак, неколку пати „се пресметал“, пратил повеќе пари отколку што треба.

– Немав пари и имаше моменти кога фрижидерот ми беше празен, а јас бев гладен. Од клубот добив на користење автомобил, но немав пари да наточам гориво – вели Штимац кој со репрезентацијата на Србија беше европски, светски и олимписки вицешампион.

– Ми беше срам да им се јавам на родителите и да им кажам да ми пратат пари – се потсетува кошаркарот на Црвена звезда и открива во тие моменти дека највеќе му помогна тогашниот хрватски репрезентативец, Марко Поповиќ.

– Иако ми беше срам, му се јавив на Марко. Му објаснив дека сите пари ги пратив дома и дека немам доволно за да одржам до наредната плата. Ми кажа да не се грижам, дека ќе ми помогне и ќе ми позајми пари. Многу ми помогна во тие моменти, ме викаше на ручек кај него. Исто така ми даде неколку важни совети и ми објасни како да ги распоредам парите, да не трошам на глупости. Сакаше да ми помогне, јас бев млад и неискусен – вели Штимац за литванскиот портал 15min.lt.

Тој исто така се потсети на една ситуација во Жалгирис кога токму Поповиќ го искара на еден тренинг.
– Не се ни испоти, што правиш? Ми викаше кога виде дека не се трудев како останатите. Многу ми значеше неговата помош и никогаш нема да го заборавам тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот