Исповед на ловец на педофили: Го покриваме цел Балкан, еден детски живот да спасиме, задоволни сме!

Коста Николиќ, основачот на организацијата „Стоппедофилија СП“ која дејствува на целиот Балкан, отворено зборува за мрачната страна на борбата против педофилијата, за стравовите кои ја следат борбата за безбедност на децата, соработка со полициите во регионот, заканите со смрт кои ги добива и личните превирања и искуства.

– Педофилите и предаторите мислат дека остануваат анонимни, а на децата им упатуваат секакви гадости кои здравиот разум не може да ги разбере. Им испраќаат сексуални, насилни, вознемирувачки и непристојни пораки, слики од својот полов орган, бараат од девојчињата експлицитни фотографии, ги убедуваат на сексуален однос, употреба на алкохол, дроги, вели Николиќ за Информер.

Социјалните мрежи се преплавени од нив, а еден од најдраматичните премиери имавме на почетокот на годината во Голубац, кога е уапсен маж на 42-годишна возраст кој сакаше да се види со нашата диверзија на девојче од 12 години барајќи од неа да имаат односи.

-Сите тие јавно ги објавуваме во нашите групи и страници на социјалните мрежи, а дури кога на полицијата ќе и испратиме преписки со предаторите, нивната локација и сите податоци, а потоа чекаме тие да ја одработат својата работа, истражат и да им ги одземат апаратите. Тоа е она што на педофилите најмногу им пречи, посебно на педофилските лоби кои се исклучително добро организирани, со овие зборови Коста Николиќ ја започнува својата исповед за Информер за борбата со педофилијата.

Според зборовите на Николиќ, откриени се повеќе од 100 предатори и педофили на социјалните мрежи.

Илустративно фото: Profimedia

-Повеќето се приведени и им се одземени апаратите, а против одредени се покренуваат обвиненија. Досега сме пријавиле во одредени служби во регионот голем број на групи и страници, а исто така и поединци кои преку Фејсбук јавно продавале детска порнографија и тоа сосема транспарентно и без задршки. Отстранивме десетина такви групи.

Секако, тоа се прави по одредени шеми за да ги залажат и Фејсбук стандардите.

– Отстранивме педофили кои тоа го правеа јавно во групи со по 100.000 луѓе, а администраторите не реагираа. Повеќето продавачи на детска порнографија, како и тие групи локациски се врзани за Далечниот Исток, но има и продавачи и од нашиот регион. За да пријавите детска порнографија не можете лично да го контактирате Интерпол, туку мора преку одредени полициски агенции. Со своето дејствување, автоматски станавме мета на напади на оние на кои им ги расипавме плановите и ги разоткривме, зошто сепак големи пари има во таа криминална работа.

Ниту Фејсбук не може да ги открие лесно ваквите педофилски групи кои мамат деца преку оваа социјална мрежа/ Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Во Србија се уште не постои јавен регистар на педофили.

– Лицата кои се сериозна закана за децата треба да бидат достапни на увид. Секој граѓанин има право да знае кои лица се опасни по децата во местото во кое живеат. Јавен регистар од тој тип би бил некој вид на превентива, зошто шансата педофилот да го повтори делото значително би се намалила, а како што знаеме, тие се повратници т.е. повеќето од нив ќе го повторат делото обљуба на дете.

Борба на која не и се гледа крајот

Како што вели Коста Николиќ, неговата организација е прва во Европа која започнала ваков вид борба против педофилијата со седиште во Србија.

-Досега на ваков начин единствено се работеше во Америка и Русија, а на десетици лажни профили на деца стои наш тим кој плови низ интернетот и предаторите им се јавуваат, што е прв и единствен услов и не смее да се случи обратно. Ова е борба, на која за жал не и се гледа крајот. Ако мојот тим и јас, а моментално целиот Балкан го покриваат 15 оперативци, успееме да спасиме и еден детски живот, јас сум задоволен.

Толку ги има многу што е тешко да разберете

За нас нема ниту одмори или празници, секојдневно работиме на откривање на идентитетот на предаторите и педофилите, детска порнографија и педофилија. Тоа се најмрачните и најизопачените човечки умови и толку ги има многу што не можете да разберете колку и тоа е навистина поразително.

Случај кој го вознемири Балканот: Албанец обљуби дете и го уби/ Фото: ScreenShot/YouTube

За жал, немаме ист квалитет на соработка со сите полиции во регионот, но се надеваме дека тоа ќе се промени на подобро. Она што го научив на самиот почеток е дека не можам да им помогнам на своите деца кои се загрозени од постоењето на манијаци. Долго ме прогонуваше, но продолжувате да живеете со тоа и да се борите како најдобро знаете. Згазнав во злото од кое нема отстапување.

– Се изнагледав многу гадотии кои буквални предизвикуваат на повраќање кај нормалниот човек и после никако не можете да бидете истата личност. Кога во тој момент не можете да им помогнете, ве обзема неопислив бес и тага.

За сето тоа повеќе не е потребно да отидете на „даркнет“, мрачната светска мрежа за глобален црн пазар, туку таква бестијалност наоѓале по скриени групи на социјалните мрежи, кои никој не ги санкционира. Нема потешка или полесна работа. Борбата против педофилијата е моја животна мисија и повисока цел за доброто на општеството, а кога тоа ќе го сфатите, на многу работи гледате поинаку. Тоа се најболните умови и пекол, кој за жал, е наша реалност и од тоа не треба да ја вртиме главата за да ни биде подобро.

Како што вели, никогаш не помислил да се откаже.

Се случува за влакно да ни побегне манијак

– Единствено што беше тука се некои внатрешни превирања кога мислите дека некои работи можете да ги направите подобро. Никогаш не се откажувајте. Се случува, кога за влакно ќе ни побегне некој манијак кого го лоцираме и бараме, помислувам дека требало да бидам попретпазлив, но резултатот е секогаш позитивен и нив по правило го фаќаме многу брзо.

Педофилија
Фото: Maor Winetrob / Panthermedia / Profimedia

На секојдневните закани со смрт, провокации и подметнувања, Коста Николиќ веќе навикнал. Сепак, и натаму со скриениот идентитет на целиот тим се бори против злото кое зема замав во целиот свет. Вели дека медиумско внимание не му е потребно, а учинокот, по правило доволно говори за нечиј труд.

Организацијата „Стоппедофилија СП“ константно е на мета на разни групации и поединци кои ни се закануваат со смрт или сакаат да ја дискредитираат нашата работа на разни начини. Тоа никогаш нема да им успее и секако, секогаш откриваме кој се крие зад таквите профили. Нашиот идентитет го криеме заради заштита на семејствата и оние кои многу сакаат да ни наштетат, а такви ги има многу, вели Николиќ.

(Извор: Информер.рс)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот