Исмаили: Обезбедивме финансиска поддршка за културните работници (ВИДЕО)

Хусни Исмаили, Фото: Архива

Убеден сум, вели Исмаили, дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници.

Министерството за култура обезбеди финансиска поддршка во месечен нето износ од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година за уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и филмските работници, информира денеска министерот за култура Хусни Исмаили.

– Министерството за култура и јас како министер, во ова време кога целиот свет се справува со последиците од пандемијата од КОВИД 19, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците од коронавирусот кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто. За таа цел, континуирано се залагавме и успеавме во нашите напори преку Министерството за култура, а со поддршка на нашите институции, да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза, вели министерот за култура Хусни Исмаили во видео порака до уметниците и културните работници.

Убеден сум, вели Исмаили, дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која ќе го обединува светот и ќе ја промовира нашата зејмја во светски рамки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот