Исландско буџетирање: Среќата на жителите е поважна од бројките на економскиот раст

Фото: Профимедиа

Исландската премиерка ги повика светските влади да усвојат еколошки и семејни приоритети, кога зборуваат за буџетите, наместо да се фокусираат само на бројките на економскиот раст, пишува Би-Би-Си.

Катрин Јакобсдотир се здружи со шкотската премиерка Никола Стрџеон и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во една заедничка цен: промоција на програмот за „благосостојба“.

Јакобсдотир рече дека потребна е „алтернативна иднина засновата на благосостојба и инклузивен раст“.

Таа додаде дека потребни се нови социјални показатели покрај традиционалните податоци за бруто домашниот производ (БДП). Економистот и добитник на Нобелова награда Џозеф Стиглиц е еден од економистите кои тврдат дека БДП-то – кое го мери производството на добра и услуги во земјата – не успева да ги прикаже влијанието на климатските промени, нееднаквоста, дигиталните услуги и другите појави кои ги обликуваат модерните општества.

Во еден текст објавен од британски „Гардијан“ минатиот месец, професорот Стиглиц рече дека глобалната финансиска криза во 2008 година „била крајна илустрација на недостатоците во вообичаеното користените мерења“.

БДП-то не успеало да ги открие дисторзиите во „надуениот“ американски пазар на домување, кој се смета за главен причинител за светската криза.

Јакобсдотир рече дека уништувањето на животната средина е клучен фактор кој го принудил Исланд во својот буџетски план да вклучи и други, нови социјални показатели, покрај БДП-то.

На прашање дали буџетот за „благосостојба“ е подеднакво погоден и за развиените земји, како и за земјите во развој, таа рече: „Станува збор за тоа како ќе одредите приоритети во јавниот буџет – секогаш можете да имате нагласок на благосостојбата“.

– Земјите во развој мораат да направат скок за да ја прифатат обновливата енергија, наместо да продолжат со индустриите кои создаваат јаглерод – констатира Јакобсдотир.

Лидерката на Исланд е од лева и зелена ориентација, а во 2017 година формираше коалициска влада со конзервативната Партија за независност и Напредната партија од десниот центар.

Јакобсдотир, иако го призна напредокот на Исланд во политиките погодни за семејствата, рече дека нејзината нација – со смао 350.000 жители – се уште има големи предизвици, како подобрување на јавниот превоз и борбата против депресијата.

– Исланд користи повеќе антидепресиви во споредба со сите соседни земји. Мораме да ја засилиме превенцијата (за депресијата) преку спортот и уметноста – констатира таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот