Исламска држава тврди: Наш борец беше напаѓачот на Лондонскиот мост

Таканаречената Исламска држава соопшти дека нападот на Лондонскиот мост, во кој загинаа две лица, го извршил еден од нејзините борци, пренесува агенцијата „Амак” која е поврзана со терористичката организација.

Исламска држава, сепак, не достави докази за своите тврдења, коментираат светските агенции.

Британската полиција претходно го идентификува напаѓачот како Усман Кан (28), кој во 2012 година бил обвинет за тероризам, а минатата година бил условно ослободен.

Исламската држава соопшти дека нападот е одговор на нејзините повици да се напаѓаат земјите кои се дел од коалицијата што се бори против екстремистичката група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот