Исчезна човек од кичевско, се бараат луѓе за потрага
39-годишниот Мелхим Азизоски од кичевското село Пласница е исчезнат, а неговиот брат Јашар Азизоски го пријавил исчезнувањето. Градоначалникот на општина Пласница, Алија Јаоски, преку социјалните мрежи ги повикува граѓаните да помогнат во потрагата по исчезнатиот човек.
Препорачано
„Од страна на лицето Јашар Азизоски е пријавено исчезнувањето на неговиот брат Мелхим Азизоски од село Пласница. Поради тоа ве повикувам сите да се здружиме и да ги пребараме сите напуштени куќи и места на територија на општина Пласница. Ако имате какви било сознанија, обратете се на најблиските“ напиша Јаоски.
Мелхим (39) е исчезнат веќе два дена. Како што информираат од семејството, Мелхим домот го напуштил околу 7 часот наутро на 24.04.2023 кога тргнал за на работа, облечен во работничка униформа, висок околу 1.65 цм. Од тој миг му се губи секаква трага.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
23мин
-
26мин
-
39мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


