Иса Мустафа заразен од ковид-19

Фото: МИА

Претседателот на владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) Иса Мустафа денеска објави дека е позитивен на коронавирус и дека наредните денови ќе ги помине во самоизолација.

Мустафа на својата Фејсбук страница напиша дека, освен малаксаност, нема други симптоми.

„Останатите членови од семејството не се позитивни. Наредните денови ќе ги поминам во изолација“, рече Мустафа, со апел сите да се придржуваат кон пропишаните мерки за спречување на ширењето на заразата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот