Ирска активистка ги номинираше Асанж, Сноуден и Менинг за НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР: Тие многупати покажаа храброст!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Ирската активистка и добитничка на Нобеловата награда за мир во 1976 година, Мејрид Кориган Мекгваер, според „Ирски тајмс“, ги номинирала основачот на Викиликс Џулијан Асанж ,Едвард Сноуден и Челси Менинг за Нобеловата награда за мир 2021 година, наведува Ајриш тајмс.

– Секој од нив многупати покажа храброст. Откривајќи ги незаконските постапки на властите кои предизвикаа милиони смртни случаи, тие ја ставија својата слобода и нивните животи на коцка. „Нивната самопожртвуваност и несебичност се извонредна демонстрација на големината на човечкиот дух – рече ко-основачот на организацијата „ Peace People “ во писмото до Комитетот за доделување на Нобеловата награда.

Во моментов Џулијан Асанж се соочува со затворска казна од 175 години во САД, доколку биде осуден по сите 18 обвиненија против него, додека на Сноуден му се заканува казна затвор од десет години за откривање детали за американскиот масовен надзор.

Челси Менинг, која, ги откри воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, беше осудена на 35 години затвор во 2013 година, но беше ослободена во 2017 година, кога американскиот претседател во заминување Барак Обама ја измени казната.

Повторно беше затворена во март 2019 година откако одби да сведочи за нејзините врски со Асанж, но минатиот март повторно беше ослободена со парична казна од 256.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот