Ирина Шајк со преслатката ќерка Леа, мамеше погледи во паркот на Менхетен! (ФОТО)

Instagram

Познатата руска манекенка Ирина Шајк пред да ја роди својата ќерка никогаш не говореше за тоа дали се гледа во улога како и мајка и како го замислува тој период од животот, но изгледа дека е пресреќна поради нејзиното остварување во тој поглед.

Прекрасната манекенка заедно со 3-годишната Леа Де Шајн, која ја има со поранешниот партнер Бредли Купер, беше снимена за време на опуштена прошетка. Во паркот во Менхетен, недалеку од нивниот стан, Ирина и малата Леа уживаа во игрите, а нивната смеа не остане незабележана од страна на папараците.

Милата русокоса наследничка, која веќе ја нарекуваат најубавото дете во Холивуд, својата мајка ја туркаше во детската количка, а Ирина воопшто не криеше дека тоа ѝ е забавно. Потоа тие се упатиле да ги хранат птиците во паркот, што посебно ја развеселило малата Леа.

View this post on Instagram

New!!! #irinashayk #leadeseineshaykcooper #mother #newyork

A post shared by @Wu (@1018875309w) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот