Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранската фудбалска федерација ги обвини САД дека им го одземаат пристапот до билети за СП

Правилата на ФИФА предвидуваат дека осум проценти од билетите за секој натпревар треба да бидат доделени на фудбалските асоцијации на земјите учеснички, кои тие можат да ги продаваат или дистрибуираат до своите навивачи на Светското првенство.

Доделувањето на билети за навивачи на Иран за групната фаза на Мундијалот е отповикано само неколку дена пред почетокот на турнирот, соопшти фудбалската федерација на азиската земја, а пренесува „Би-би-си спорт“.

Светското првенство, кое го организираат заедно Канада, Мексико и САД, започнува во четврток, а Иран треба да игра против Нов Зеланд на 15 јуни и против Белгија на 21 јуни – и двата во Лос Анџелес – пред да се соочи со Египет во Сиетл на 26 јуни.

Управното тело на Иран вели дека прописите на ФИФА наведуваат дека секоја федерација вклучена во Светското првенство добива 8% од билетите за секој од своите натпревари, за да ги дистрибуира до навивачите. Додаде дека веќе започнало со продажба на билети, но повеќе не може да им ги обезбеди на навивачите, од кои некои веќе направиле аранжмани за патување.

– Лишувањето на иранските навивачи од пристап до нивната законска и официјална распределба на билети е акција спротивна на духот на управувањето со меѓународните натпреварувања и принципот на еднаквост меѓу земјите учеснички. Овој развој на настаните покренува сериозни прашања за мешањето на неспортските и политичките размислувања во организацијата на најголемиот фудбалски настан во светот – се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Иран.

Федерацијата, исто така, ја повика ФИФА „да ги почитува принципите на неутралност, праведност и воспоставени прописи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот