Иран: Уапсени сценарист на филм номиниран за „Оскар“ и уште четворица „проблематични“ странци
Иранскиот сценарист на политички трилер номиниран за „Оскар“, „Беше само несреќа“, Мехди Махмудиан, е уапсен во Техеран, објави денеска новинскиот портал „Емтедад“ и други медиуми, пренесува Еј-би-си њуз.
Препорачано
Можна причина за неговото апсење може да биде писмо што го потпишал со други јавни личности во кое ја осудува крвавата репресија на протестите на почетокот на јануари во Иран.
Според извештајот, Махмудиан успеал да контактира со своето семејство по апсењето, додека неговиот адвокат рекол дека обвиненијата против него не се објавени.
Махмудиан е меѓу сценаристите на политичкиот трилер номиниран за Оскар „Беше само несреќа“, во режија на сонародникот Иранец Џафар Панахи.
‘It Was Just an Accident’ Co-Screenwriter Mehdi Mahmoudian Arrested in Iran https://t.co/Kn0qL0sBQ6
— The Hollywood Reporter (@THR) February 1, 2026
Писмото – во кое се осудува крвавата репресија на протестите на почетокот на јануари во Иран – е потпишано од главниот сценарист на филмот и наградуван режисер, Џафар Панахи (кој го напушти Иран пред речиси една година и живее во Европа), заедно со други јавни личности.
„Му ја испратив последната порака во четири часот наутро. До пладне следниот ден, немаше никаков одговор. Се загрижив и контактирав со заеднички пријатели; никој од нив не слушнал ништо за него. Неколку часа подоцна, BBC Persian официјално објави дека Мехди Махмудијан, заедно со Абдула Момени и Вида Рабани, се уапсени“, коментираше Панахи.
Панахи ја освои Златната палма во Кан за својот најнов филм „Едноставна несреќа“, што го прави кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Режисерот, на отворањето на церемонијата на доделување на Европските филмски награди кон средината на јануари во Берлин, се осврна на ситуацијата во својата татковина со драматичен апел.
„Насилството, кога останува без одговор, станува нормалност. А кога станува нормалност, се шири. Станува заразно“, рече тој.
Филмот „Едноставна несреќа“ е за искуствата во затвор и насилството на иранската држава. Додека бил во странство, ирански суд го осудил Панахи во отсуство на затворска казна.
Jafar Panahi’s Statement on the ARREST of ‘It Was Just An Accident’ co-writer Mehdi Mahmoudian in IRAN (Excerpts):
“We spent seven months behind bars together. A few months after his release, while I was working on the screenplay for It Was Just an Accident, I asked him to help… pic.twitter.com/bhnqsZKAwV
— Aayush Sharma (@JournoAayu) February 1, 2026
Странски државјани меѓу уапсените
Четворица странски државјани, чија националност не е наведена, се уапсени во Иран под обвинение за „учество во немири“, објави денес државната телевизија во земјата, која беше потресена од масовен бран протести минатиот месец.
„Овие лица беа уапсени во рација“ во покраината Техеран, нагласи државната телевизиска мрежа, без да прецизира кога се случиле овие апсења.
„За време на претресот во чантата на еден од осомничените, пронајдени се четири импровизирани експлозивни направи, кои беа користени во немирите и инцидентите во областа“, според истиот извор.
Иранските власти ги обвинуваат Израел и САД за вмешаност во овие немири, во кои загинаа илјадници луѓе.
Иранските власти велат дека огромното мнозинство од жртвите се членови на безбедносните сили или минувачи убиени од „терористи“. Сепак, невладините организации со седиште во странство ги обвинуваат безбедносните сили за намерно таргетирање на демонстрантите.
На 24 јануари, официјалната новинска агенција на Иран, Ирна, објави за апсењето на двајца странски државјани, овој пат во западниот дел од земјата.


