Остатоци од срушено американско летало над Иран - Извор Х

Иран тврди дека го соборил најсофистицираниот американски авион Ф-35

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека соборила уште еден американски борбен авион Ф-35 над централен Иран, според објава на Телеграм од новинската агенција Фарс, пренесуваат медиумите.

Во објавата се вели дека авионот бил „целосно уништен и се срушил“, истакнувајќи дека нема информации за судбината на пилотот поради обемот на штетата на леталото.

Иранската новинска агенција Мехр, исто така, соопшти дека е мала веројатноста дека пилотот се катапултирал поради „силна експлозија“ за време на несреќата.

Од друга страна некои профили на социјалните мрежи на воени аналитичари сугерираат дека срушениот авион би можел да биде авион Ф-15е, а не Ф-35.

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) засега сè уште не одговорила на тврдењата, но претходно го негираше тврдењето на ИРГЦ дека бил соборен американски борбен авион.

Ова е второ тврдење на официјален Техеран дека во војната соборил втор борбен авион од типот Ф-35 над Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот