Иран со пустински температури од 50 степени, утре и задутре се неработни денови

Климатски промени / Фото: ЕПА

Температури од над 50 Целзиусови степени, загаденост на воздухот и песочни бури се очекува утре и задутре да го зафатат Иран.  Владата на Иран ги прогласи среда и четврток за неработни денови поради „досега невиден“ топлотен бран. Денеска температурите ширум целата држава беа над 45 степени Целзиусови, јави ДПА.

Филијалите на банките, судските и правните канцеларии ќе бидат затворени, а испитите и фудбалските натпревари ќе бидат одложени. Болниците се во состојба на готовност.

Во курдскиот град Дивандаре, жителите вчера излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство затоа што им било прекинато водоснабдувањето.

Голем дел од Иран, земја со речиси 90 милиони жители, е пустина. Научниците со години предупредуваат на се почести суши во регионот, кој е особено тешко погоден од последиците од климатската криза. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот