Иран најави дека ќе произведе 20 проценти збогатен ураниум

Иран ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека планира да произведе ураниум збогатен до 20 проценти како гориво за своите нуклеарни реактори, соопшти денеска МААЕ.

Оваа одлука најверојатно нема да им се допадне на западните нуклеарни сили, со кои Иран се обидува да го оживее нуклеарниот договор, од кој САД се повлекоа во 2018 година, согласно одлуката на тогашниот претседател Доналд Трамп, коментираат светските агенции.

МААЕ соопшти дека тоа ќе биде повеќефазен процес, сугерирајќи дека ќе биде потребно време, но западните сили веќе го осудија Иран за производство на мали количини на ураниум кој дури не е збогатен и за плановите на Техеран за производство на збогатен ураниум од кој може да се направи нуклеарна бомба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот