Интервју со Александар Дадар: Северина знае од секого да измами насмевка, а Каролина е многу забавна и има голема смисла за хумор

Фото: Приватна архива

Александар Дадар веќе две децении ги разубавува дамите кај нас и речиси нема жена или девојка што не дошла кај него да се нашминка. Без разлика дали се личности од јавниот живот или не, за жените што доаѓаат во неговиот салон, Дадар вели дека секоја за него е предизвик. Неодамна ја нашминка хрватската пејачка Северина за концертот во Скопје, а веќе одамна се знае дека со македонската поп-ѕвезда Каролина, освен соработници, се и големи пријатели. Во интервјуто со Дадар зборуваме за трендовите во шминкањето, соработките со јавните личности, патувањата…

Александар Дадар веќе две децении ги разубавува дамите кај нас и речиси нема жена или девојка што не дошла кај него да се нашминка. Без разлика дали се личности од јавниот живот или не, за жените што доаѓаат во неговиот салон, Дадар вели дека секоја за него е предизвик.

Неодамна ја нашминка хрватската пејачка Северина за концертот во Скопје, а веќе одамна се знае дека со македонската поп-ѕвезда Каролина, освен соработници, се и големи пријатели. Во интервјуто со Дадар зборуваме за трендовите во шминкањето, соработките со јавните личности, патувањата…

Фото: Приватна архива

Неодамна објави фотографија со Северина откако повторно ја шминкаше за концертот во Скопје. Каква е приватно? Како почна вашата соработка и искрено, како е да ја шминкаш најголемата регионална ѕвезда?

– Северина е приказна сама за себе. Остроумна, шармантна, полна со експлозивна енергија и сексапил. Таа е една од најубавите и најмаркантните жени што сум ги запознал. Едноставна, пријатна, голем професионалец, точно знае што сака и знае да измами насмевка од секој што е во нејзина близина. Соработуваме долги години, кога и да дојде во Македонија се дружиме, а јас уживам во нејзиното друштво.

Сè уште си омилен на дамите во Македонија. Со Каролина сте и соработници и пријатели. Како е да се биде пријател со поп-ѕвездата? Колку време соработувате?

– Благодарам. Секогаш се трудам да сум во тренд со светските модни случувања, па веројатно затоа и опстојувам повеќе од две децении. Со Каролина имаме посебна пријателска врска, која трае можеби 20 години. Искреноста, професионалноста и заемното почитување ни дозволува да соработуваме кога имаме професионални ангажмани, но и да дружиме, и да си бидеме поддршка во слободно време долги години. Каролина е најголемата македонска ѕвезда со прекрасен вокал и внимателно негувана душа. Голем професионалец, но таа е и многу забавна, особина што ја обожавам кај неа.

Наголемо се спремаат матури, полуматри, период е на свадби… Има ли уште од сега полн список за шминкање?

– Убаво е што помладите се добро организирани, закажуваат навреме, знаат што сакаат и се прекрасни. Од нив добивам инспирација, многу ме почитуваат, а јас ги обожавам, ги почитувам и им ги исполнувам сите желби за шминка. Уживам кога работам со нив.

Фото: Приватна архива

Кои се новите трендови на шминка, кои бои преовладуваат сега?

– Во мода е буквално сѐ. Од силно нагласени очи во комбинација со нежни усни, монохроматски изглед, црвен кармин, сиви и кафеави тонови до неутрален и природен изглед. Најмодерна е убаво негувана коса и кожа.

Што најмногу ги советуваш дамите кога е во прашање мејкапот? На што да обрнат најмногу внимание за да изгледаат средено?

– Обично сакам да ги едуцирам за негата на кожа и коса и здравите навики пред да дојде моментот на шминка. Исто така, мој совет е дека секогаш треба да си личат на себе и да не се маскираат со премногу драматична шминка. Едноставноста е секогаш префинета и двои од хаосот.

Имаат ли Македонките чувство за убав и природен изглед и колку, според тебе, жените внимаваат да изгледаат убаво и негувано?

– Имаат и тоа како. Среќен сум што Македонките се разбираат во мода, козметика и не претеруваат во тоа, туку суптилно и дозирано ја користат во секојдневието, како и на свечени настани.

Фото: Приватна архива

Новите трендови налагаат исцртани веѓи, трајна шминка… која е твојата приказна во однос на се ова?

– Со трајна шминка на веѓи, уста и очи се занимавам веќе осум години и моите клиенти се пресреќни што откако ќе ја направат, не мораат секој ден да се шминкаат, туку кога ќе се разбудат, подготвени се за на работа, без да губат време за шминка. Нагласувам дека мора трајната шминка да е стручно изведена и да изгледа природно. Не смее да се тетовирани, туку разубавени и освежени без тоа да се забележува премногу.

Нема жена што не влегла на шминкање кај Дадар, од познати личности, политичарки, до личности кои не се дел од јавниот живот… На што се должи овој успех и кои се следните предизвици?

– Мислам дека луѓето можат да се потпрат и секогаш да сметаат на мене. Секако, тука е професионалноста, квалитетот што го негувам и секако мојата смирена енергија, која велат дека е мојата супер моќ. Следно ново е академијата за шминка што со нетрпение ја очекуваме и јас и новите професионални шминкери.

Знам дека си љубител на патувањата. Неодамна се врати од Истанбул, што најмногу те привлекува таму?

– Кога немам многу време, одам до Истанбул, тоа е град полн со стар шарм, а јас сакам места што се позитивни, полни со историја и секако, морето ми дава некоја убава енергија што на сите ни е потребна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот