Иницијативен одбор на ВМРО-ДПМНЕ: Да беше искрен во предлогот Мицкоски ќе си дадеше оставка

Фото: МИА

-Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат, стои во соопштението на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијативниот одбор смета дека се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи.

-Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден Конгрес. Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот. Впрочем, самиот Мицкоски јавно вети дека ќе се повлече доколку не победи и не успее да формира влада, смета Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму потенцираат дека Мицкоски загубил и нема капацитет да формира влада.

– Поразот на избори е највеќе заради тоа што нема капацитет да обединува. Ни граѓаните, ни партиските членови во него не гледаат лидер. Парите наменети за изборно рекламирање ги трошеше по сомнителни портали, а на вмровските листи вметнуваше ликови како Сафет Бишевац кои до вчера го навредуваа и омаловажуваа членството, смета Иницијативниот одбор.

Според нив Мицкоски е изолиран и нема поддршка ни од домашната, ни од меѓународната јавност. Тие тврдат дека Мицкоски му одговара само на Зоран Заев бидејќи СДСМ никогаш нема да најде подобар спаринг партнер кој со сигурност ќе си го гази на избори.

-Тајмингот и начинот на кој што го предлага новиот извршен комитет покажува само дека  Мицкоски не го почитува конгресот и делегатите кои го избрале. Наместо да побара поддршка на вонреден конгрес и потоа со легитимитет да ја води партијата, доколку добие доберба, Мицкоски одлучува да се коцка со ВМРО-ДПМНЕ и да предлага нови структури кои во суштина не нудат ништо ново, стои во соопштението од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски останува лидер на партијата (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот