Иницијативата за конфискација на дивоградби пред Лога и Бочварски, Герасимовски ќе побара законски решенија

Фото: Општина Центар

Иницијативата за конфискација на нелегално изградени објекти, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ќе ја презентира пред ресорните министри за правда и транспорт и врски, за да ги запознае со причините и потребите Иницијативата да се имплементира во законски решенија.Како што информираат од Општина Центар, утре Герасимовски ќе се сретне со министерот за правда Кренер Лога, а во понеделник ќе оствари средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Целта на Иницијативата е да најде и произведе решение и можност дивоградбите наместо да се рушат, како што налагаат досегашните законски норми, да се пренаменат во функција на општината.

Според постоечкиот закон на нелегалните објекти со динамит им се рушат потпорните ѕидови по што останува грда слика на просторот. Такви дивоградби во општината има неколку. Колку за илустрација за една градба на Водно потребни се 5 милиони денари за уривање, но само за онеспособување, а не целосно отстранување на нелегалниот објект. Затоа со оваа Иницијатива ќе се штеди буџетот на Општината, но и ќе се добијат нови објекти кои може понатаму да бидат пренаменети за различни цели и намени од кои полза ќе имаат граѓаните – изјави Герасимовски.

Герасимовски побара средби со Бочварски и Лога, бидејќи двата закони во кои треба да се интервенира доколку се прифати Иницијативата како предлагачи се јавуваат двете министерства. Станува збор за Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка, за кој како предлагач на законски измени е Министерството за правда и Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за кој како предлагач на законски измени е Министерството за транспорт и врски.

На седница на ЗЕЛС во Валандово, Герасимовски по презентација на Иницијативата доби широка поддршка од градоначалниците. Примената на Иницијативата и според колегите градоначалници е неопходна, бидејќи безправните објекти се проблем кој го црпи буџетот во секоја општина – информираат од Центар.

Оттаму најавуваат дека Герасимовски на широка дискусија ќе ги покани и скопските градоначалници со цел заеднички да дејствуваат за општините по конфискацијата на дивоградбите да можат да ги пренаменат и да ги искористат за потребите на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот