Инфантино потврди: Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година

фото: EPA-EFE/ANDRES COELHO

Иако вторникот беше последниот ден за поднесување писма со намери до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за организација на светските првенства во 2030 и 2034 година, веќе пристигнуваат најави дека Светското првенство во 2034 година ќе се игра во Саудиска Арабија.

Постапката е таква што прво се поднесуваат писма за намери, па следува период во кој заинтересираните федерации поднесуваат официјална кандидатура, па потоа се гласа.

Што се однесува до Светското првенство во 2030 година, потврден е интересот на Мароко, Португалија и Шпанија да бидат домаќини, заедно со Уругвај, Аргентина и Парагвај.

За Светското првенство во 2034 година, Фудбалската федерација на Саудиска Арабија достави писмо со намери.

Но, ако се занемари фактот дека само Саудиска Арабија пројави интерес за СП 2034, процедурата ќе треба да се почитува. Иако се чини дека не мора, бидејќи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино веќе најави дека Саудијците ќе бидат домаќини.

– Додека живееме во сè поделен и агресивен свет, уште еднаш покажуваме дека фудбалот, водечкиот глобален спорт, обединува како ништо друго. На сите ни се потребни овие прилики на единство и претстојните Светски првенства на ФИФА даваат единствена сила за добро во овој поглед – стои во дел од објавата на Инфантино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот