Австралија се откажа: Саудиска Арабија единствен кандидат да го организира Мундијалот во 2034 година

фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Саудиска Арабија продолжува да инвестира во фудбалот и за 11 години се очекува да биде организатор на Светско првенство.

Денеска е последниот ден за пријавување за организација на Мундијалот во 2034 година, а доколку некој во следните неколку часа не ја подготви документацијата и не ја достави – веќе знаеме каде ќе се игра турнирот. Тоа ќе биде Саудиска Арабија, како единствен кандидат за тоа СП откако Австралија официјално се повлече од трката, пренесува „Телеграф“.

На овој начин Саудиска Арабија ќе продолжи да „расте фудбалски“ откако во последната година вложи огромни пари во доведување на познати фудбалски имиња како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нејмар, Александар Митровиќ, Садио Мане, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и други, а главната цел беше и да се добие организација на најпрестижниот спортски настан покрај Олимписките игри.

Саудијците најпрво сакаа да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година, но на крајот се повлекоа од трката, во која победија Мароко, Португалија и Шпанија.

Саудиска Арабија инаку потенцијално имаше конкуренција во Австралија, Нов Зеланд, Малезија и Сингапур, потоа Кина, односно Казахстан, Киргистан и Узбекистан, но никој од нив не ја испрати потребната документација за домаќин на Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот