Индустриското производство во април е зголемено за 7,6 отсто

Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %.

Според главните индустриски групи, производството во април 2026 година, во однос на април лани, бележи пораст кај Енергија за 17,2 %, Интермедијарни производи, освен Енергија, за 14,1 %, Капитални производи за 1,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 %, а опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 %.

Раст од индустриско производство за 4,1 отсто во јули

Во периодот јануари – април годинава, пак, во споредба со истиот период од 2025 година, има раст на индустриското производство од 0,2 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот