Индустриското производство е намалено за 4,2 отсто
За 4,2 проценти е намалено индустриското производство во февруари годинава во споредба со истиот месец минатата година. Најголемо влијание врз падот на индустриското производство, според Државниот завод за статистика (ДЗС), има намалувањето на производството во одделите: Производство на облека, 5,4 отсто; Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, 13,5; и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, 17,2 отсто.
При тоа, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9,6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1,9, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17,2 отсто.
Препорачано
-Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на тутунски производи; на текстил; на облека; на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати; на производи од гума и производи од пластични маси; на метали; на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема; на машини и уреди, неспоменати на друго место; и на мебел, соопшти ДЗС.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање во секторот Енергија за 19 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 12 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,9 отсто, додека пораст има кај Интермедијарни производи.


