Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT -- MANDATORY CREDIT: SATELLITE IMAGE 2020 MAXAR TECHNOLOGIES -- the watermark may not be removed/cropped -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

На бродот кој го блокираше Суецкиот канал речиси една недела во март не му е дозволено да си замине, а властите на каналот, египетски Суец канал ауторити (СЦА) бараат отштета од 916 милиони долари од сопственикот на бродот од Јапонија, јавува Ројтерс повикувајќи се на два извори.

Бродот „Евер Гивен“, кој е во сопствеништво на фирмата „Шоеј Кисен“, се наоѓа во езерото кое ги двои двете секции на каналот откако беше ослободен на 29 март, кога СЦА ја започна истрагата.

Два извори на СЦА, кои одбиле да бидат именувани, за Ројтерс изјавиле дека египетскиот суд наредил бродот да биде задржан.

Преговорите околу компензацијата се во тек, според другиот извор.

Директорот на СЦА, Осама Раби рекол за египетската телевизија дека „Евер Гивен“ нема да го напушти каналот додека истрагата не биде завршена и не се плати оштетата.

„Евер Гивен“ се заглави на Суецкиот канал на 23 март, при што каналот беше затворен на шест дена, па 400 брода мораа да чекаат, додека останатите одеа по друг пат за да ја заобиколат Африка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот