Имаат ли партиите обезбедено мнозинство или само ПР стратегија!

За ваквиот однос на партиите кон јавноста комуникологот Бојан Кордалов вели дека е поради тоа што политичките субјекти користа еден застарен ПР модел од претходниот век акатуелен во 90-те години.

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се пофалија дека обезбедиле парламентарно мнозинство, но од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски никој не го побарал мандатот.

Тече третиот од вкупно 10 -те дена во кој СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба обезбедат парламентарно мнозинство за да го побараат мандатот од шефот на државата. Влогот е голем, власт во наредните 4 години. Медиумите веќе почнаа да објавуваат разно – разни информации но и шпекулации за тоа кој побрзо ќе обезбеди 61 пратеник во Собранието.

За ваквиот однос на партиите кон јавноста комуникологот Бојан Кордалов вели дека е поради тоа што политичките субјекти користа еден застарен ПР модел од претходниот век акатуелен во 90-те години.

– Тоа е многу чудно, бидејќи како да забораваат колку работи се променети денес. Прво, граѓаните се созреани и имаат три децении на искуство и живот во демократски систем, второ политичката клима е многу променета, особено во делот на комуникациите каде веќе повеќе од деценија развиениот свет применува двонасочна комуникација и интеракција со медиумите и граѓаните. И трето, денес живееме во многу брза и динамична дигитална ера, каде информациите и актуелностите се менуваат во минута, па дури и секунда. Тоа значи дека било каков „пробен балон“ кој сакаат да го пуштат партиските „кујни“ или ПР центри не може да пројде без одговор не само од другата страна, туку буквално од секој граѓанин и организација, – вели Кордалов за Слободен печат.

Доцна синоќа информацијата што ја објавија дел од медиумите на албански јазик, дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај ветувањат дека нема да прифати премиер Албанец се договори со ДУИ премиерот да биде од редовите на интегративците, ја разбранува јавноста.

Весникот Лајм, повикувајќи се на партиски извори, објави дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го финализирале договорот за формирање нова Влада.

– Единствена „задача“ на Христијан Мицкоски сега е да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец, напиша Лајм од свои извори.

Истите извори посочиле дека Али Ахмети и Мицкоски се согласиле дека прв премиер ќе биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и за Албанец и за Македонец. На овој начин ДУИ ќе има образложение дека го реализирала барањето за премиер Албанец, а и во членството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има револт, затоа што за Еленовски ќе биде јасно дека „изјавата дека е Албанец е само за потребите на дневната политика“, објави „Лајм“.

Ваквата информација ја демантираа од ДУИ.

Високиот партиски функционер Бујар Османи рече дека нема договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за влада и дека изворот на таа вест која беше лиферувана вчера во медиумите не потекнува од неговата партија.

– Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, но нема никаков договор и со СДСМ“ вели Османи.

И од ВМРО-ДПМНЕ одговорот за тоа дали се договориле со ДУИ во наредниот период премиер да биде Албанец кратко велат дека работат на формирање парламентарно мнозинство.

– Информации од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме ниту да демантираме- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По вестите за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се огласија и од СДСМ. И од таму се пофалија дека обезбедиле мнозинство за составување на нова влада.

– Имаме обезбедено мнозинство за составување влада. Очигледно е дека објавените текстови се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми, заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти – коментираат од СДСМ.

Од СДСМ вчера информираа дека Заев се сретнал со лидерите на ДУИ и на Алијансата и Алтернатива, Ахмети, Села и Гаши. За средбите кои ги најави претседателот на СДСМ Заев рече дека кога ќе има некаков конкретен исчекор јавноста ќе биде навреме информирана.

– Веќе течат разговори врз основа на принципи со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите за нов четиригодишен мандат на стабилно мнозинство во парламентот и формирање посветена Влада која ќе се движи брзо, рече Зоран Заев.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи веќе прифати да биде дел од новото мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот