Има мнозинство за претседателски и парламентарни избори во ист ден, смета Демократски сојуз

Павле Трајанов - политичар / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Демократскиот сојуз смета дека во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на Парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден.

-Од 13 март 2024 година почнуваат уставните и законските рокови за одржување претседателски избори, при што парламентарните партии кои можат да формираат мнозинство за распуштање на Парламентот треба да го утврдат изборниот тајминг. По катастрофалниот Извештај на Европската Комисија и колапсот на владините институции, дуизацијата и криминализацијата на државата, сосема е извесно дека Владата нема легитимитет и натаму да владее. Натамошното опстојување на Владата под водство на ДУИ го загрозува единството и националните интереси на Македонија – велат од ДС.

Партијата на Павле Трајанов ја поздравува најавата на Алијанса на Албанците дека не сака и натаму да биде „патерица на ДУИ” и се приклучува на определбата на опозиционите партии за  што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање избори.

-Се покажа дека ДУИ и СДСМ ниту се за ЕУ, ниту за реформи, туку со манипулациите за уставни измени купуваа време за да владеат – велат од ДС.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот